Издадени нови 458 потврди за барање азил на мигранти

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за остварување право на азил на вкупно 458 мигранти, од кои 174 мажи, 108 жени, 173 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште три деца кои патуваат без придружба на родител.

Според државјанството, соопшти денеска МВР, потврди се издадени на 357 државјани на Сирија и 101 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на 2016. година издадени се потврди на вкупно 88.328 странски државјани, од кои 34.991 се од машки пол, 19.295 се од женски и 33.824 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 218 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 43.622, Авганистан 26.546 и Ирак 18.157.

Во текот на изминатиот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.