понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

Издадени потврди на 2.426 бегалци, најмногу има Сиријци

migranti

Поврзани вести

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.426 странски државјани, од кои 1.046 се од машки пол, 476 се од женски, 873 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 31 дете кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на  Сирија-995, Авганистан–815 и Ирак-616.

Како што информира МВР, во периодот од 19.06.2015 до 15.12.2015 година, издадени се потврди на вкупно 341.920 странски државјани, од кои, 190.131 се од машки пол, 55.968 се од женски, 77.904 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.917 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-195.616 потоа Авганистан-83.498, Ирак-41.365, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број, велат од МВР.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 15.12.2015 до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најчитани вести