Издадени потврди на 2.621 бегалци

Во текот на минатотот деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.621 странски државјани, информира МВР.

Од нив 1.100 се од машки пол, 563 се од женски, 937 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 21 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Издадени потврди на 2.621 бегалци
Издадени потврди на 2.621 бегалци

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–953, Сирија-945 и Ирак-723.

Во шест месеци издадени потврди на  336.841 странски државјани

Во периодот од 19.06.2015 до 13.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 336.841 странски државјани, од кои, 188.040 се од машки пол, 54.953 се од женски, 75.971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.877 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-193.586 потоа Авганистан-81.939, Ирак-39.875, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.12.2015 до Секторот  за азил не е поднесено  барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.