Издадени потврди на 2.662 мигранти

Вкупно 2.662 странски државјани добиле потврди во текот на изминатото деноноќие. Од нив 1.105 се од машки пол, 565 се од женски, 989 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште три деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.444, Авганистан–623 и Ирак-595.

Од јуни досега низ земјава транзитирале над 380.000 мигранти

Во периодот од 19.06.2015 до 29.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 382.814 странски државјани, од кои, 206.710 се од машки пол, 64.733 се од женски, 93.268 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.103 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-213.480 потоа Авганистан-94.501, Ирак-53.392, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.