Издадени потврди на 1.482 бегалци

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.782 странски државјани, од кои 625 од машки и 390 од женски пол, како и на 757 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и  10 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 948 државјани на Сирија, потоа на 442 државјани на Авганистан и на 392 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени  се потврди на вкупно 65.184 странски државјани, од кои 26.571 се од машки пол, 14.029 се од женски и 24.460 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 124  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-31.880, Авганистан-20.447 и Ирак-12.854.

Во изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годинава до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.