Издадени потврди на 1.492 бегалци

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.492 странски државјани. Од нив најбројни се државјаните на Сирија.

Од лицата што синоќа биле регистрирани на наша територија 656 се од машки пол, 324 се од женски, 508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-739, Ирак-404 и Авганистан–349.

Во период од шест месеци, како што информира МВР, издадени се потврди на вкупно 357.713 странски државјани, од кои, 196.461 се од машки пол, 59.447 се од женски, 83.787 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.018 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-202.245 потоа Авганистан-87.748, Ирак-46.279, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.