Македонија

Издадени потврди на 1.667 мигранти

Издадени потврди на 1.667 мигранти

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.667 странски државјани, од кои 688 се од машки пол, 343 се од женски, 624 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-786, Авганистан–411 и Ирак-470.

Во периодот од 19.06.2015 до 30.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 384.481 странски државјани, од кои, 207.398 се од машки пол, 65.076 се од женски, 93.892 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.115 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-214.266 потоа Авганистан-94.912, Ирак-53.862, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.