Издадени потврди на 1.988 бегалци

Во текот на изминатотот деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.988 странски државјани, од кои 802 се од машки пол, 441 се од женски,  745 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.269,  Авганистан–435 и Ирак-284.

Годинава издадени потврди на 33.617 странски државјани

Како што јавува МВР, од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 33.617 странски државјани, од кои 14.153 се од машки пол, 7.231 се од женски и 12.132 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Издадени потврди на 1.988 бегалци
Издадени потврди на 1.988 бегалци

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-16.481, Авганистан-10.953 и Ирак-6.180.

Во тој период до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.