Издадени потврди на 2.591 бегалци

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.591 странски државјани, од кои 1.128 се од машки пол, 540 се од женски, 910 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13 деца кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1142, Авганистан–857  и Ирак-592.

За половина година издадени потврди на над 360.000 странски државјани

Во периодот од 19.06.2015 до вчера, издадени се потврди на вкупно 362.587 странски државјани, од кои, 198.558 се од машки пол, 60.464 се од женски, 85.524 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.041 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-204.367 потоа Авганистан-89.432, Ирак-47.347, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.