петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Издадени потврди на 3.256 бегалци

Во последното деноноќие потврди им се издадени на 3.256 странски државјани. Од нив, како што информира МВР, 1.126 се од машки, 766 од женски пол, а 1.364 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

migranti-mia-1

Поврзани вести

Во последното деноноќие потврди им се издадени на 3.256 странски државјани. Од нив, како што информира МВР, 1.126 се од машки, 766 од женски пол, а 1.364 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Според државјанството, од нив 1.516 се државјани на Сирија, 904 државјани на Ирак, а 836 државјани на Авганистан,.

Од почетокот на годинава потврди им се издадени на вкупно 63.402 странски државјани, од кои 25.946 се од машки пол, 13.639 од женски и 23.703 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 114 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-30.932, Авганистан-20.005 и Ирак-12.462.

Во изминатото деноноќие, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право за азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право за азил. Од почетокот на годинава до Секторот за азил барање за признавање право за азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија).

Најчитани вести