понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Издадени потврди на 3.752 странски државјани

migranti-mia-1

Поврзани вести

Во последното деноночие од 2015-тата година издадени се потврди на вкупно 3.752 странски државјани, од кои 1.516 се од машки пол, 817 се од женски, 1.411 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.891, Ирак-1.082 и Авганистан–779.

Во периодот од 19.06.2015 до 31.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 388.233 странски државјани, од кои, 208.914 се од машки пол, 65.893 се од женски, 95.303 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.123 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-216.157, потоа Авганистан-95.691, Ирак-54.944, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот  за азил не е поднесено ниту едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најчитани вести