Издадени потврди на 310 бегалци

Во текот на изминатото деноноќие, издадени се потврди на вкупно 310 странски државјани, од кои 102 од машки и 73 од женски пол, како и на 134 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 222 државјани на Сирија и на 88 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на годината издадени  се потврди на вкупно 87.538 странски државјани, од кои 34.700 се од машки пол, 19.119 се од женски и 33.504 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 215 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.016, Авганистан-26.546 и Ирак-17.973.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 27.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 27.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.