Издадени потврди на 4.026 странски државјани, најмногу Сиријци

На вкупно 4.026 странски државјани им биле издадени потврди во текот на изминатото деноноќие.

Од нив 1.616 се од машки пол, 881 се од женски, 1.512 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.706, Ирак-1.233 и Авганистан–1.087.

Во периодот од 19.06.2015 до 26.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 373.303 странски државјани, од кои, 202.792 се од машки пол, 62.750 се од женски, 89.683 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.078 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-209.002 потоа Авганистан-92.183, Ирак-50.677, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.