Издадени потврди на 451 бегалци

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 451 странски државјани, од кои 167 од машки и 99 од женски пол, како и на 183 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 240 државјани на Сирија, потоа на 172 државјани на Авганистан и на 39 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени  се потврди на вкупно 80.627 странски државјани, од кои 32.181 се од машки пол, 17.462 се од женски и 30.814 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 170  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-38.992, Авганистан-25.394 и Ирак-16.238.