Издадени потврди на 572 бегалци

Во текот на изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 572 странски државјани, од кои 169 од машки и 121 од женски пол, како и на 280 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 189 државјани на Сирија, потоа на 176 државјани на Авганистан и на 207 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени  се потврди на вкупно 81.976 странски државјани, од кои 32.668 се од машки пол, 17.752 се од женски и 31.369 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 187  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.461, Авганистан-25.763 и Ирак-16.749.

Во последното деноночие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а од почетокот на годинава такви барања поднеле вкупно 10 лица (седум од Авганистан и три од Сирија).