среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 49

Издадени потврди на 887 мигранти

migranti

Последни вести

Во текот на изминатото деноноќе издадени се потврди на вкупно 887 странски државјани, од кои 384 се од машки пол, 191 се од женски  и  312 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што информира МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–397, Сирија-358  и Ирак-132.

Од почетокот на годинава 36.804 мигранти добиле потврди

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 21.01.2016 година, издадени  се потврди на вкупно 36.804 странски државјани, од кои 15.490 се од машки пол, 7.917 се од женски и 13.296 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-18.280, Авганистан-11.845 и Ирак-6.676.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 21.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Евидентирани 43 баратели на азил

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 21.01.2016 година евидентирани се вкупно 43  баратели на азил, од кои 40 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател   се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Најчитани вести