Издадени потврди на вкупно 2.473 странски државјани

Потврди на вкупно 2.473 странски државјани биле издадени во периодот од 08.00 часот на 01.10.2015 до 02.10.2015 година во 08.00 часот.

Од нив 1.526 се од машки пол, 363  се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 77 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на   Сирија-1.382, Авганистан –916, Ирак-98, додека другите се во помал број.

За два и пол месеци издадени потврди на над 111.000 странски државјани

Како што информира МВР, во периодот од 19.06.2015 до 02.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 111.361 странски државјани.

Од нив 73.697 се од машки пол, 14.888 се од женски, 18.842 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.934 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-82.689, потоа Авганистан-13.398, Ирак-7.293, Пакистан-2.910 Палестина-1.162, Иран-697, Сомалија-670, Бангладеж-661, Конго-371, Нигерија-223, Камерун-178,  Еритреја-163,  Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.

Досега поднесени 50 барања за признавање право на азил

Во текот на изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 02.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.10.2015 година евидентирани се 4 баратели на азил, сите мажи((еден повреден).

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.