Издадени уште 649 потврди за барање азил

Уште 649 потврди за барање азил во текот на изминатиов ден издаде Министерството за внатрешни работи. Потврдите за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија се издаваат врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил.

Во периодот од 19.06.2015 до 23.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 18.259 странски државјани, од кои, 13.405 се од машки пол, 2.395 се од женски, 2.299 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 160 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-13.338, потоа Авганистан-1.525, Ирак-1.074, Пакистан-611, Сомалија- 430, Палестина-366, Конго-254, Камерун-104, додека останатите се во помал број, соопштуваат од МВР.

До Одделението за азил поднесени 35 потврди за барање азил

Инаку, како што соопшти Министерството од започнувањето на издавањето на потврдите до 23.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 35 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 25 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23.07.2015 година се евидентирани вкупно 7 баратели на азил, сите мажи.

Екипите на Црвениот крст и понатаму работат на терен

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст на ден 21.07.2015, екипата лоцирана во Табановце, во период од 19.45 до 00.30 часот изврши 8 интервенции на укажување прва помош. Екипите на Црвениот крст дистрибуирале вкупно 16 пакети со храна, хигиена за мажи, жени и деца, како и пакети за бебе.

Во период од 16.30 до 19.30, екипите на Црвен крст лоцирани во Гевгелија, укажаа прва помош на 12 лица, при што дополнително се дистрибуирани 71 шише со вода, 3 ќебиња, 4 пакетчиња пелени за бебе и 7 кутии бисквити.

На ден 22.07.2015, до 16.00 часот,  екипите на Црвен крст лоцирани во Гевгелија и Табановце, укажаа прва помош на 56 лица, до 16 часот дистрибуирани се: 318 шишиња вода, 8 пакети за бебе,  12 хигиенски пакети за жени,  9 пакети со храна,  2 хигиенски пакети за мажи.

На дневно ниво Министерството за внатрешни работи известува за издадените потврди за барање азил на странските државјани кои што влегуваат на територијата на Република Македонија.

 

За измените на Законот на азил погледнете го следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.