Издадени вкупно 106.918 потврди за барање азил

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало вкупно 1.911 потврди за барање азил.

Од вкупниот број странски државјани на кои им била издадена потврда за барање азил 1.255 се мажи, 215 се жени, 315 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 126 деца кои патуваат без родител.

Најбројни Сиријците

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврдите, најбројни се државјаните на Сирија 1.198, од Авганистан 347, од Ирак 231, додека другите се во помал број.

Издадени вкупно 106.918 потврди за барање азил

Потврди на 106.918 странски државјани се издадени од 19. јуни годинава. Од нив 70.898 се од машки пол, 14.309 се од женски, 18.025 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.686 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 80.215, од Авганистан 11.825, од Ирак 7.070, од Пакистан 2.817, од Палестина 1.155, од Сомалија 670, од Бангладеж 649, од Иран 660, од Конго 371, од Нигерија 222, од Камерун 178,  од Еритреја 163, од Етиопија 126, од Судан 118, додека останатите се во помал број.

 

Нема нови барања за азил

За последните 24 часа до Одделението за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

50 барања за азил од почетокот на издавање потврди

migranti ungarijaОд започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 50 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29-ти овој месец евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи (еден повреден). Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Сиријка се породи во Гевгелија

bebe

МВР информира дека вчера попладне сириска државјанка родила здраво девојче во гевгелиската болница. Мајката и детето се наоѓаат во добра состојба. Ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија.

Активности на Црвениот крст

Мобилниот тим на Црвениот крст на Табановце во периодот од 17:00 часот на 28 септември до 17:00 часот на 29 септември укажал  прва помош на 133 лица, поделиле 418 шишиња вода, 47 пакети со храна, 27 ќебиња, шест пакети со хигиена, осум пакувања пелени за деца и три кутии бисквити.

Мобилниот тим на Црвениот крст на Гевгелија укажал прва помош на 805 лица, поделил 3.848 шишиња вода, 603 пакети со храна, 310 ќебиња, 20 бебешки пелени, 44 пакети со хигиена и 13 сетови за Прва помош, соопшти МВР.

 

 

Имено, вчера во посета на мигрантите во близина на јужната граница беше и славниот актер Орландо Блум.