Издадени вкупно 25.672 потврди на мигранти за барање азил

Вкупно 2.925 издадени потврди на мигранти во периодот од 31.07 до денеска, од кои, 1947 се мажи, 382 се жени, а 557 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 38 деца кое патуваат без родител.

Најбројни Сиријците

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2437, потоа Ирак-169, Авганистан-113, Пакистан-113, Сомалија-17, Палестина-12, Етиопија 11, додека останатите се во помал број.

Од измените на Законот издадени вкупно 25.672 потврди

kale-migrantiВо периодот од 19.06 до денеска издадени се потврди на вкупно 25.672 мигранти, од кои, 18.409 се мажи, 3.398 се жени, 3.629 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 236 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-19.342, потоа Авганистан-1.877, Ирак-1.414, Пакистан-898, Сомалија- 519, Палестина-432, Конго-285, Камерун-133, Еритреја-129, додека останатите се во помал број.

Еден барател на азил за време на продолжениот викенд во Прифатниот центар

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 03.08.2015 година е евидентиран 1 барател на азил (маж).

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Вкупно 41 барање за азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 04.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Активности на Црвениот крст

crven_krst23Во период од 01.08 до вчера четирите мобилни екипи на Црвен крст укажаа прва помош на вкупно 455 интервенции, од кои 286 беа извршени во Гевгелија, а 169 во Табановце.

Вкупно 17 трудници побарале медицинска асистенција од мобилните тимови, а само 1 лице е транспортирано до гевгелиската општа болница.

За време на минатиот викенд во Табановце и Гевгелија, вкупно беа дистрибуирани:

  • 1102 шишиња вода
  • 172 пакети за самопомош
  • 205 пакети со храна
  • 194 хигиенски пакети за мажи
  • 163 хигиенски пакети за жени
  • 28 пакети за бебиња

Во период од 27.07 до 02.08.2015 извршена е дезинфекција на:

9100 м2 вагони и површина на жел.станица Куманово/табановце од страна на ЦЈЗ куманово

6000 м2 вагони и 1500 м2 површина од страна на ЦЈЗ Скопје10320 површина на жел.станица ,автобуска и просотр каде се стационирани мигранти како и на пол.возила во Гевгелија.

 

 

Стотици мигранти секојдневно се обидуваат да влезат во земјава.