Издадени вкупно 814 потврди на мигранти

МВР во текот на изминатото деноноќие издало вкупно 814 потврди за барање азил на мигранти, од кои, 513 на мажи, 112 на жени, 164 на деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на уште 25 деца кои патуваат без родител.

Најмногу потврди издадени на Сиријци

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни мигранти се Сиријците-755, потоа Авганистанците – 50, па Пакистанците–шест, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 01.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 53.571 странски државјани, од кои, 36.930 се од машки пол, 7.336 се од женски, 8.338 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 967 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.478, потоа Авганистан-2.825, Ирак-2.477, Пакистан-1.622, Палестина-694,Сомалија-564, Бангладеж-360, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-158 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Вкупно 49 барања за азил од законските измени

Во периодот од 08,00 часот на 31.08.2015 до 01.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 31.09.2015 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои 8 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 2 барателки на азил се жени ( од кои 1 барателка на азил е хоспитализирана поради браменост),  4 баратели на азил се малолетни лица. Од малолетните баратели на азил, 1 барател на азил е малолетен без придружба на старател и истиот е со повреда.