Издадени за 13,2 отсто повеќе одобренија за градба

Државниот завод за статистика објави дека во ноември минатата се издадени 318 одобренија за градење што претставува за 13,2 проценти повеќе во однос на тој месец во 2014.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.981.924 илјади денари, што е за 66,1 отсто повеќе во однос на тој месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 201 или 63,2 отсто се наменети за објекти од високоградба, 36 или 11,3 отсто за објекти од нискоградба и 81 или 25,5 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 318 објекти, на 221 или 69,5 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 или 30,5 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 539 станови со вкупна корисна површина од 43.785 мeтри квадратни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.