Изедени 41.300 пити и испиени 9.700 литри вино на велешката Питијада

Изедени 41.300 пити и испиени 9.700 литри вино на велешката Питијада
Изедени 41.300 пити и испиени 9.700 литри вино на велешката Питијада

Во раните утрински часови во Велес заврши 12-та „Питијада 2015“ што ја организира општина Велес во соработка со бизнис секторот, угостителите и винариите.

Иако првично беше најавено од страна на градоначалникот Славчо Чадиев дека манифестацијата ќе заврши денеска, сепак Координативното тело во соработка со угостителите и другите учесници едногласно одлучија Питијадата да заврши во раните утрински часови поради обилните врнежи од дожд.

На годинашната Питијада, според информацијата од организаторите, биле потрошени 41.300 пити и испиени 9.700 литри вино. Во овие бројки не е пресметана храната која беше продадена во рестораните и пекарите во градот.

Во музичкиот дел настапија голем број естрадни ѕвезди меѓу кои групата „Парни ваљак“, Калиопи и нејзиниот бенд, „ДНК“, Елена Ристеска, Ален Хасановиќ и Филип Божиновски.

Велешката питијада беше посетена од гости од целата држава, а имаше и посетители од Србија и Хрватска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.