петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Изетбеговиќ: Милорад Додик си игра со оган

izetbegovic

Последни вести

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ денеска го обвини претседателот на Република Српска, Милорад Додик дека „си игра со оган„ во врска со закажувањето референдум за националниот празник на српскиот ентитет во БиХ.

– Додик сосема свесно си игра со оган, обидувајќи се да направи чекор повеќе и да ја премине границата на дозволеното во оваа држава и на дозволеното од меѓународната заедница, изјави Избетбеговиќ.

Репубилка Српска го празнува својот национален празник на 9 јануари, датум на кој во 1992 година, три месеци пред конфликтот во земјата беше прогласена „Република Српска Босна и Херцеговина“, пренесува МИА.

На иницијатива на Изетбеговиќ, Врховниот суд на БиХ го прогласи овој национален празник за неуставен, со образложение дека жителите на Република Српска кои не се Срби не го признаваат.

Како одговор на тоа Додик закажа референдум за тоа прашање за 25 септември.

– Додик целосно е подготвен да ја мине границата, додека оди по црвената линија. Доколку тоа се случи нема да мине без последици, предупреди Изетбетовиќ.

Тој додаде дека има инструменти „кои можат да го спречат тој референдум, кој е насочен против Дејтонскиот договор“.

Најчитани вести