ФОТО: Изгаснат пожарот во Штип

Изгаснат пожарот во Штип, а спречено е да се запали спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Штипската противпожарна единица со поддршка на авион-канадер на Центарот за управување со кризи го изгасна пожарот кој изби над Кумлакот во Штип.

Во текот на вчерашниот ден голем шумски пожар беснееше вчера во месноста позната како Кумлак. Гореа неколку хектари ниско стеблеста шума, пренесува „Старплус„ на ТВ Стар.

pozar-stip

Пожарот во Штип беше опасен затоа што се движеше од Новакова кон Струмина Чешма, а во опасност беа доведени викенд куќите и другиот имот на граѓаните, поради што тие беа повикани на итна евакуација.

Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен што на пожарникарите дополнително им ја комплицираше работата. Општина Штип изрази благодарност за ангажманот на штипските пожарникари и на центарот за управување со кризи.

pozar-stip-1

Во гаснењето на пожарот беше вклучен и авион-канадер на Центарот за управување со кризи кој успешно си ја заврши задачата и прво го локализираше пожарот а потоа истиот беше изгаснат.

Инаку вчера беше спречено да се запали спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Во пожарот гореше тревата и ниско-стеблестите дрва кои се околу салата, односно околу старото нервно одделение.

Со брза интервенција пожарот е изгаснат пред да стигне до салата а огнот кој се префрлил преку оградата ја зафати само тревата на незначителна површина, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.