сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Изгаснат пожарот кај Битола

pozarnikari-obuka

Поврзани вести

Шумскиот пожар над Битола во атарот на селото Лавци синоќа околу полноќ е изгаснат.

Со пожарот била зафатена површина од околу 10 хектари.

– Нашите екипи десеттина часови се справуваа со шумскиот пожар над Битола, во атарот на селото Лавци. Гореше нискостеблеста шума, но за жал изгоре бор и смрека што инидицира дека станува збор за потпалување, истакна Костадин Поповски, раководител на  Територијалната против пожарна единица (ТППЕ)-Битола.

Локацијата каде што избувна шумскиот пожар над Битола е позната и традиционална рекреативна зона на голем број вљубеници на планината, но по вчерашниот пожар – опустошена, нагласуваат од ТППЕ-Битола.

Најчитани вести