Изгаснат пожарот на Теферич, и Коце на терен (ФОТО)

Пожарот на Водно кај Теферич е целосно изгаснат, а во текот на ноќта на терен беа останати дежурни екипи.

teferic1Командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски утрово изјави дека пожарот е изгаснат уште синоќа и оти е интервенирано со 13 цистерни.

Пожарот кај Теферич избувна вчера попладне, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше ставен под контрола и немаше опасност од негово проширување.

Во околината на Теферич имаше пожар и на 21. јули годинава. Тогаш  беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни.

Веднаш по дојавата за ппожар, на терен излезе и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој заедно со пожарникарите се вклучи во гаснење на пожарот, објави Телеграф.мк

Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски
Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски

Вчера изутрина под контрола беше ставен и пожарот кој избувна завчера кај автопатот Скопје – Велес во близина на последниот тунел.