Изгаснат пожарот во депонија за гуми покрај Мадрид

Целосно е совладан силниот пожар, кој избувна во петокот во депонија за стари гуми крај Мадрид.

Четиринаесет пожарникари вчера ги гаснеа последните пламени во депонијата на површина од 11 хектари крај гратчето Сесења.

Илјадници локални жители беа евауирани по избувнувањето на пожарот, чиј отровен чад со помош на ветровите се прошири кон блиските населени места. Повеќето од жителите добија дозвола во саботата да се вратат во своите домови.

Четири станици за мерење на чистината на воздухот го анализираа загадувањето на секој час, по избувнувањето на пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.