Изгаснат пожарот во Ново Лисиче, нема повредени

Пожарот кој избувна во подрумските простории на зграда во скопската населба Ново Лисиче е изгаснат, а за среќа нема повредени.

Командантот на скопската пожарна, Благоја Менковски за Курир изјави дека противпожарните екипи по пријавата веднаш излегле на терен, при што пожарот  е изгаснат, а за среќа нема повредени жители, ниту пожарникари.

Причините за пожарот, кој избувна во подрумските простории на зградата лоцирана на улицата „Видео Смилевски Бато“ засега не се познати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.