петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Изгласан импичмент за бразилската претседателка Дилма Русеф

Бразилскиот Сенат денска ја смени од функција претседателката на државата Дилма Русеф поради кршење на буџетски закони. Со тоа е завршена процедурата за импичмент, што ја поларизираше таа јужноамериканска држава и ја парализираше нејзината политика во изминатите девет месеци.

dilma-rusef

Последни вести

По повеќедневна расправа, со 61 глас „за“ и 20 „против“ сенаторите гласаа за отповикување на Русеф поради незаконско користење пари од државни банки, со цел да поттикне јавни расходи.

Досегашниот потпретседател Мишел Темер ќе ја преземе функцијата на Русеф до завршување на нејзиниот мандат во 2018 година.

Дополнително гласање ќе биде одржано за тоа дали на Русеф ќе и биде забрането да извршува јавни функции во следните осум години.

Најчитани вести