Македонија

Изгласан новиот состав на Антикорупциската комисија

Изгласан новиот состав на Антикорупциската комисија

Републичкото Собрание на попладневното продoлжение на 43 седница го изгласа новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За членови на Антикорупциската комисија се именувани Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист д-р на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Ск

Собранието ги изгласа и одлуките  за именување претседател и ченови на УО на Агенцијата за цивилно воздухопловство и за изменување член на Комисијата за заштита на конкуренцијата. За претседател на УО на АЦВ е именуван Драги Мојсовски, дипломиран инжинер од Скопје.

Пратениците ги донесоа и законите за изменување и дополнување на законите за игри на среќа и за забавните игри, за здравственото осигурување, за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост,  за Државен пазарен инспекторат, за техничка инспекција, за Судскиот совет на РМ,  како и Законот за јавнообвинителска служба..

опје, Сузана Таскова Аџикотарева, дипломиран правник магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, магистер по деловно право од Прилеп.

Според предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата,  во новиот состав на Антикорупциска се и актуелните Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист доктор на економски науки од Гостивар.