Изгласан законот за формирање на нов Универзитет „Дамјан Груев“

Со 67 гласа „за“ и шест „против“, во отсуство на опозицијата во Собранието денеска се изгласа Законот за формирање на Универзитетот „Дамјан Груев“. Предлог-законот доби поддршка и по Бадентеровото мнозинство.

Се работи за Универзитет за одбрана, безбедност и мир, а новиот  владин предлог на законот кој  вчера пристигна во Собранието проширен со уште три нови факултети – економски, градежен и архитектонски.

 

Идејата за формирање на нов Универзитет според Заменик – министерот за образование Спиро Ристовски е да се зголеми квалитетот на високото образование.

-Идејата за основањето на Универзитетот е да се зголеми квалитетот на високото образование и пред се во неколку области кои се од исклучително значење за Република Македонија. Тоа ќе биде Универзитет кој нема да има големи и масовни квоти на запишување, напротив тоа ќе биде Универзитет на која ќе се фокусира целата академска јавност во насока на подобрување на квалитетот, а не за хиперпродукција на кадри, реплицираше Спировски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.