Изгласани членовите на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги

Собранието на Република Македонија ги изгласа седумте члена на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Во новиот состав влегоа Зоран Фидановски, Лазар Трајчев, Методија Јанчевски, Алма Машовиќ, Лазо Петрушевски, Селвер Ајдини и Мила Инфетаи.

На чело на некогашниот Совет за радиодифузија, а денеска Агенција за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги е Зоран Трајчевски.

Сегашната Агенција има надлежност да се грижи за обезбедување на јавност во работата на радиодифузерите; да се грижи за заштита и развој на плурализмот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и подржува постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; да презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите; да се грижи за обезбедување заштита на малолетните лица; да ги донесува актите кои произлегуваат од овој закон; да се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио аудиовизуелните медиумски услуги ; да утврдува постоење на недозволена медиумска концентрација; да одлучува за доделба, одземање или продолжување на дозволите за телевизиско или радио емитување и многу други.