Изгласани драстично помали глоби за фирмите (видео)

Драстично помали глоби изгласаа вчера пратениците. Отсега глобите за фирмите ќе се изрекуваат по нови критериуми.

Фирмите кои што имаат вработено максумим 49 луѓе, а оствариле приходи до 1.000.000 денари и претходно не биле санкционирани, ќе платат глоба во висина од 30%, односно ако глобата била 500 евра, сега ќе платат само 150 евра.

Глобите ќе се изрекуваат врз основа на остварените приходи

Фирмите отсега ќе плаќаат драстично помали глоби, а како еден од критериумите за изрекување на санкциите ќе се зема и износот на оставрените приходи.

Фирмите кои остваруваат максимални 500.000 денари според првиот критериум ќе плаќаат глоби од минимални 10 отсто, а максимални 70 отсто ќе плаќаат фирмите кои што  остваруваат приход од над 100.000.000 денари.

Ова го предвидува примената на новиот закон за прекршоци драстично се подобруваат условите за работа на фирмите во Р.Македонија. Во овој закон се воведени три критериуми по кој ќе се одмерува односно нивелира изречената санкција.

Вториот критериум се однесува на просечниот број на вработени и истиот предвидува изрекување на санкција во висина од 5% за фирми кои имаат максимум 9 вработени, што се над 85% од фирмите во Р.Македонија, па се до 20% за фирми со над 250 вработени.

Третиот критериум се однесува на претходното поведение на субјектот и со овој критериум може да се изрече најмногу 10% од предвидената глоба или доколку претходно нема изречено санкција нема да има потреба ниту од овие 10%.

За глобите ќе се зема во предвид и бројот на вработени лица

Во однос на висината на глобите ќе влијае и бројот на вработени лица. Помали глоби ќе плаќаат фирмите коишто имаат помал број на вработени лица и помал износ на приходи.

Фирмите кои што имаат вработено максумим 49 луѓе, а оствариле приходи до 1.000.000 денари и претходно не биле санкционирани, ќе платат глоба во висина од 30%, односно ако глобата била 500 евра, сега ќе платат само 150 евра.

Според ова, кога на пример една фирма која има до 9 вработени, остварила годишен приход од најмногу 500.000 денари, а претходно не била санкционирана, со новиот закон за прекршоци ќе плати 15% од сумата која што претходно требало да ја плати, односно фирмата била санкционирана со глоба со висина од 500 евра, со новиот закон таа ќе изнесува само 75 евра.

Фирмите кои имаат од 50 до 249 вработени, оствариле приход од максимални 6.000.000 денари и не биле претходно санкционирани, ќе треба да платат глоба од 55%, односно наместо 500 евра, глобата која треба да ја платат ќе изнесува 275 евра.

Додека пак, глоба со иста висина како досегашната ќе плаќаат само фирмите кои што имаат над 250 вработени, остварени годишен приход од најмалку 100.000.000 денари и не се претходно санкционирани. Такви фирми се само 0,3% од вкупниот број на фирми во Република Македонија.

Со новиот Закон им се излегува во пресрет на граѓаните

Со новиот Закон за прекршоци освен што драстично се намалуваат глобите за прекршоците, се предвидува и воведување на можност за опомена кон правните лица и трговците поединци.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека новиот Закон, кој предвидува драстично помали глоби за фирмите, претставува исполнување на уште едно предизборно ветување кое беше дел од програмата на последните парламентарни избори, но пред се со овој закон се излегува во пресрет на барањата и потребите на граѓаните и фирмите во Република Македонија при што се обезбедува принципот на правичност и намалување на трошоците за работата на фирмите.