Изгласани „спорните“ планови и без гласот на Шиповиќ

Мирослав Шиповиќ не гласаше „за“ предложенитре измени во деталните урбанистички планови „Тасино чешмиче“ и „Капиштец-Водно“, но со своето присуство обезбеди кворум, тие да добијат зелено светло од Советот. Во отсуство на опозицијата плановите беа изгласани со 11 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и еден глас „против“ од Шиповиќ

Со тоа не се остварија проекциите на опозицијата која деновиве јавно обвинуваа дека некој од „нивните“ ќе ја издал партијата, бидејќи бил под силни притисоци од власта, при тоа алудирајќи дека е можно тоа да е Шиповиќ.

Претходно, откако по долга дискусија во која опозицијата се обидуваше да објасни зошто не треба да се стават на гласање овие точки, градоначалникот Андреј Жерновски ја напушти седницата, велејќи дека не сака да биде дел од нечиј криминал, а поддршка доби и од своите сопартијци. Во знак на револт, опозициските советници ја напуштија седницата , набрзо откако со помош на  Шиповиќ, кој гласаше воздржано, не се прифати  предлогот на  Жерновски  да се тргнат  од дневен ред точките кои предвидуваат корекција на „спорните“ детални урбанистички планови.

Со новите измени на двата урбанистички плана, се предвидува нова урбанизација на Водно и дополнителни шест ката на хотелот „Панорама“, на кој со стариот план му беше дозволена висина од четири ката.