Изгоре автомобил, а уште две возила се оштетени

Синоќа во 21 часот, на улицата Методија Митевски целосно изгорел „фолксваген туаран“ со скопски регистарски ознаки, чиј соопстевин е А.С.(49).

Освен ова возило, оштетени се и една „опел корса“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 64-годишниот скопјанец В.П., како и „форд фиеста“, сопственост на Б.П.(46) од Дебар.

Од полицијата соопштија дека увид ќе се врши денеска.