Изгоре автомобил кај Железничка станица во Скопје

Паркиран автомобил утринава целосно изгоре на паркинг просторот кај Меѓуградската автобуска станица, под Железничката станица во Скопје.

По брзата интервенција на екипа на противпожарната бригада, пожарот е изгаснат, а крим-екипа од скопската полиција започнала истрага која треба да ги открие причините за пожарот, пренесува порталот Република.