Изгоре барака во Белград, починаа маж и жена

Педесет и пет годишен маж почина во пожарот, кој изутрината околу три часот изби во барака во Белград, во која се сместени бегалци, додека 18 лица се евакуирани.

Триесет пожарникари со седум возила учествуваа во гаснењето на огнената стихија.

Меѓу евакуираните има и едно шестмесечно бебе.

Бараката од неколку стотина квадрати изгоре до темел. Во неа живееле 18 станари, меѓу кои и мали деца. Тие се доселиле од Косово и Босна и Херцеговина.

Во тек е истрага за утврдување на причините за пожарот