Изгоре дел од ладилник во кавадаречко Сопот

Изгоре дел од ладилник во кавадаречко Сопот
Изгоре дел од ладилник во кавадаречко Сопот

Изгоре дел од ладилник во кавадаречкото село Сопот полн со грозје, пожарникари пет часа работеа на терен за да го стават огнот под контрола.

Вчера попладнето пламени јазици зафатиле ладилник во селото. Се утврдуваат причините за пожарот како и настанатите штети, рекоа од кавадаречката Територијална противпожарна единица.

Од кавадаречката единица на местото биле две противпожарни возила со седум пожарникари. Ним на помош им дошле двајца пожарникари и едно возило од Фени индустри, едно возило со еден пожарникар од Неготино и  цистерна со вода и работник од Комуналното претпријатие од Кавадарци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.