Изгоре џип во Аеродром

Џип марка „Мерцедес“ сопственост на 42 годишниот Т.Ѓ. од скопско Марино вчера бил опожарени зад Три Бисери во скопски Аеродром.

Од полицијата информираат дека пожарот е подметнат од засега непознати лица. Џипот изгорел целосно, а од пожарот зафатено било и комбе.

Полицијата увидот ќе го врши во текот на денешниот ден, по што се очекува да бидат познати повеќе детали.