Изгоре фабрика во Виница

Вистинска драма се одвивала вчера во фабриката за паркет и брикет „Бор-вуд“ лоцирана во населба Градец во Виница, во сопственост на 32-годишниот Б.М.

Во пожарот изгореле таванскиот простор, дрвената кровна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување на паркет, една машина за калибрирање на паркет како и поголема количина готов паркет  и елементи за фриза.

Причините за настанување на пожарот, како и висината на материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.