Изгоре кафуле во „Бисер“

Рано утринава во скопската општина аеродром во пожар изгоре кафуле во трговскиот центар „Бисер“.

При пожарот причинета е материјална штета, но нема повредени.

Командирот на Противпожарната бригада Благоја Менковски изјави дека во 3:25 минути е пријавен пожарот по што е интервенирано со 15 пожарникари и седум пожарникарски возила.

При тоа пожарот бил локализиран и не било дозволено негово проширување на околните објекти.

Во пожарот е зафатена површина од околу 200 метри квадратни, а причините дополнително ќе се утврдуваат.