Изгоре куќа во Гази Баба

Изгоре куќа во Гази Баба
Изгоре куќа во Гази Баба

Една куќа целосно изгоре во пожар, во кој биле зафатени уште три помошни простории на две други куќи и кровна конструкција на уште една куќа во скопската општина Гази Баба. Во пожарот нема повредени.

МВР соопшти дека вчера околу 10:30 часот во Скопје, на ул.„Трајко Китанчев“ во куќата сопственост на А.А.(42) од засега непознати причини избувнал пожар најпрвин во помошната просторија, а потоа ја зафатил куќата која што целосно изгорела. Во пожарот била зафатена и помошна просторија сопственост на З.А.(54), две помошни простории кои биле целосно изгорени сопственост на С.С.(82), како и кровна конструкција од куќа сопственост на Б.К.(63).

Пожарот го локализирале пет возила на екипи на противпожарната Бригада за противпожарна заштита.

Увидна екипа од СВР-Скопје излегла на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.