Изгоре куќа во кавадаречко Глишиќ

Во пожар утринава изгореа кат и поткровје од семејна куќа во населбата Глишиќ, општина Кавадарци, пишува  МИА.

– Пламените јазици го зафатиле објектот околу 7 часот утринава. Веднаш по дојавата за пожар интервениравме со две противпожарни возила и 5 пожарникари. На помош ни дојде и противпожарното возило на јавното претпријатие „Македонски шуми”, „Бор” од Кавадарци, со двајца пожарникари, изјави Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Се утврдуваат причините за пожарот.