Крими хроника

Изгоре куќа во Куманово

Изгоре куќа во Куманово

Кровната конструкција и две соби изгореа во пожар што избувна вчера попладне во семејна куќа во Куманово, лоцирана на улица „27 Март“, јави МИА.

Противпожарната единица од Куманово го изгаснала пожарот за два часа. Екипи на СВР извршила увид, се утврдуваат штетите.

Пожарникарите од Куманово во последните 24 часа интервенирале и на пожар на сува трева во урбана и рурална средина.