Изгоре куќа во Неготино

Во пожар изгореа покрив и кат од куќа синоќа околу 20:30 часот во Неготино. Во гаснењето интервенирале две противпожарни возила и пет пожарникари, објави МИА.

– Пожарот беше пријавен околу 20 часот и 30 минути. Со две противпожарни возила и пет пожарникари интервениравме околу два часа. Пламените јазици ја уништија покривната конструкција чиј таван не беше од тврд материјал туку од трска. Откако се урна покривна конструкција, таа уништи и дел од покуќнината. Морам да нагласам дека имавме и тежок пристап до запалениот објект бидејќи тој се наоѓа малку подалеку од улицата која води до него, информира денеска командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев.

Илиев вели дека се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.