Изгоре музичко студио во Карпош

Изгоре музичко студио на улица Никола Парапунов, сопственост на В.Р. (54) од Скопје, вчера во 18.45 часот. Причините за пожарот се’ уште се истражуваат.

Во пожророт целосно се изгорени три сета удирачки инструменти, четири појачувачи, четири гитари, неколку микрофони и друга музичка опрема.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита и повредени лица нема.