Изгоре покрив на затворска работилница во Идризово

Во КПУ „Затвор Идризово“ вчера била опожарена покривната конструкција  на бараката на столарска работилница со површина од околу 20 метри квадратни.

Пожарот бил изгаснат, а причина за негово избувнување е неисправна електрична инсталација.

Случајот во полиција телефонски го пријавила екипа на Бригадата за противпожарна заштита вчера во 10.55 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.