Изгоре семејна куќа во Прилеп

Семејна куќа во близина на прилепскиот стадион изгоре во пожар кој избувна вера.

Тричленото семејство во тој момент спиело. За среќа тие набргу успеале да излезат од куќата, по што никој не е повреден.

Медиумите од Прилеп јавуваат дека три пожарни возила го гаселе пожарот, а пламените јазли не ги зафатиле соседните куќи.

Според информациите пожарот се случил поради неисправна инсталација, а од куќата не останало ништо.

Според прилепските медиуми тричленото семејство сега нема покрив над главата, ниту пак облека.