Изгоре викендичка во Моклиште кај Кавадарци

Ноќеска изгоре викендичка во викенд населбата Моклиште кај Кавадарци.  Информацијата ја потврди кавадаречката територијална противпожарна единица. Пожарот избил околу полноќ. Околу три часа се справувале со огнот.

-Интервениравме со две противпожарни возила и тројца пожарникари, а на помош ни дојдоа и едно возило со тројца пожарникари од компанијата „Кожувчанка”. Се работи за тешко пристапен терен, угорнина, па моравме линијата за гаснење да ја поставуваме преку река и на оддалеченост од околу двеста метри, информираат утрово од Теритиријалната противпожарна единица.

Се утврдуваат причините за пожарот и материјалната штета.